Добредојдовте на официјалната страна на М2 Продукција
Филип Божиновски со нов видео запис за „Една во милион“

Постирано од: М2 Продукција | 15 Декември,2011
Почитувани во етер е пуштен првиот официјален нов видео клип на Победникот на „М2 Проект: Потрага по ѕвезда“ Филип Божиновски за нумерата “Една во милион”, песната со која победи на овогодинешното јубилејно издание на Еврофест. Песната и аранжманот се дело на Дарко Димитров, а текстот го напиша една од ѕвездите на М2 од изминатите циклуси , Магдалена Цветковска.
Спотот е изработен во frame-motion техника, која е доста застапена во Бртианските музички спототви. Целото видео е релизирано во 6 фрејма во секунда и содржи 10 различни сцени. Сцените се комбинација на реални предмети и компјутерски анимирани цртежи, кој го доловуваат сонот на Филип, после “напорната” ноќ. Во спотот се користени графички ефекти кои обично се користат за корекција на фотографии, поради што е интересно да се напомне дека спотот всушност претставува спој помегу ВИДЕО и ГРАФИЧКА уметност. Оваа техника е слабо застапена кај нас, бидејки е доста тешка за работа, а и големото влијание на соседните земји кои со својот “стил” наметнуваат една друга форма на (не) уметност. Спотот е реализиран од екипата на 3Д Проект Студио. Тука проследете го најновиот видео запис.Ламбе и Љупка со нова песна и нов видео запис

Постирано од: М2 Продукција | 21 Ноември,2011
Почитувани, со задоволство би сакале да Ве известиме дека денес беа дистрибуирани и промовирани низ македонските ТВ и радио станици, новата песна и новиот видео запис за дуетот „Кога сонце грее, плачам“ на нашите артисти, Ламбе Алабаковски и Љупка Најдановска. Со оваа песна Љупка Најдановска настапи на финалето на „М2 Проект: Потрага по ѕвезда“ и истата се наоѓа на компилациското ЦД со 10-те песни од финалето.Идејата за овој дует потекна од Ламбе Алабаковски на кого токму оваа нумера посебно му се допадна и имаше желба да биде преработена во акустична верзија. Спотот се снимаше на неколку локации во Скопје, на плоштадот „Македонија“, спортскиот центар „Борис Трајковски“, а истиот го реализираше продукцијата на Александар Ристовски - Принц. Автор на музиката е Дарко Димитров, аранжманот е заеднички на Дарко Димитров и на Александар Ристовски - Принц, а автор на текстот е Александар Ристовски - Принц. Тука проследете го најновиот видео запис.




